Џејмс постигна рекордни 61 поен во неговата кариера
04.03.2014 11:56
| KumanovoNews
Најдобриот играч на денешницата Леброн Џејмс вчера го имаше својот најдобар настап во неговата кариера против екипата на Шарлот.

Џејмс во овој натпревар постигна рекордни во неговата кариера 61 поен, со што беше неприкосновен играч на теренот.
Покрај овој рекорд, срушен е и рекордот на Глен Рајс кој до вчера имаше највеќе постигнати поени во тимот од Флорида (вкупно 56), а Џејмс се приклучи и во друштвото на Брајант и Мелоун кои единствено имаат постигнато 25 поени во третиот период(од 1985 наваму).