Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска, пред домашната публика ракометарките на Куманово ја совладаа екипата на Ѓорче од Скопје со резултат 22:18.
Во 4. коло од натпреварувањето ракометарките на Куманово покажаа дека се подобри од противникот, но резултатска разлика беше неизвесна до крајот на првата половина кога кон 23-тата минута направија предност од 4 гола разлика која до крајот на полувремето ја одржуваа и на одмор отидоа со резултат 13:7.
По паузата од 15-тина минути ракометарките на теренот се вратија одморени и мотивирани за остварување на нови поени на табелата.
Противникот по предноста од 6 гола разлика која ја направи домашниот тим беше немоќен против и дома замина со негатива од 4 гола.
Најефикасни играчи во домашниот тим беа А. Боризовска со постигнати 6 гола и М. Паневска со 5 гола.
Денеска младинскиот состав на ЖРК Куманово, на домашен терен беше совладан од екипата на Велкова 5 од Скопје со резултат 7:13.
Следен натпревар од 5. коло во домашното натпреварување, ракометарките го играат наредниот викенд на гостински терен против екипата на Универс во Гостивар.