×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЕП: Пораз на Македонската репрезентација од Босна и Херцеговина

    08.09.2013 14:24 | KumanovoNews

    По 4. коло од групата Б на Европското првенство во Словенија, репрезентацијата на Македонија беше совладана од Босна и Херцеговина со резултат 62:54.

    ЕП: Пораз на Македонската репрезентација од Босна и Херцеговина

    Избраниците на Пипан се далеку полоши од изненадувањето кое ни го приредија против Србија, но и со ваква игра одржувавме резултатска неизвесност во Јесенице.

    Кошаркарите на Македонија со 28:29 го завршија првото полувреме против Босна и Херцеговина. На крајот од првата четвртина, противникот водеше со резултат 16:15, иако Македонија стартуваше со 7:0 во првите три минути од натпреварот.

    Денеска имавме проблеми во одбраната да ги запреме расположените Телетовиќ и Џедовиќ.

    Босна не изненади со офанзивните скокови посебно на малиот Рајт кој на својот тим му обебзеди многу напади.

    Во црвено жолтата експедиција лошо фукционираше и нашето најсилно оружје-шутот од далечина.

    Македонија и БиХ одиграа дуел и на претходното Европско првенство во Литванија пред две години и победија со 75:63.

    Ова е трет пораз на нашата репрезентација на ова европско првенство кое се оддржува во Словенија, откако прво бевме неоправдано поразени од репрезентацијата на Црна Гора, со скандалозен финиш, за потоа да изгубиме од Литванија, по што во третиот натпревар ја декласиравме репрезентацијата на Србија.

    Следниот натпревар е веќе утре, последен во оваа фаза, против репрезентацијата на Летонија, во 14:30 часот.

    Освен овој натпревар денеска во групата Б која се игра во Јесенице, во 4. коло играат: Србија – Летонија (17:45 часот) и Литванија – Црна Гора (21 часот).