Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со одлична асистенција на голманот на македонската репрезентација Борко Рисковски, крилото Дејан Манасков го постигна вториот гол за македонската репрезентација во вчерашниот меч против домаќинот Данска.
Ристовски прецизно во контра напад го пронајде Манасков кому му преостана само да ја смести топката во мрежата на данскиот голамн Никлас Ландин.
Најдобриот играч во македонскиот состав Борко Ристовски, по вчерашниот дуел на ракометното Европското првенство против домаќинот Данска изјави дека е потребно да остане позитивната атмосфера во националниот тим и покрај поразот кој ни го нанесе европскиот шампион Данска со резултат 29-21.
Македонија утре ја очекува уште еден тежок натпревар против репрезентацијата на Чешка со почеток во 18.15 часот.