Европското првенство во кошарка нема да се игра во Украина
05.03.2014 14:47
| KumanovoNews
Според новонастанатата ситуација во Украина, оваа земја е многу блиску до губење на правото за организација на Европското првенство во кошарка во 2015 година.

Состанокот ќе се одржи на 22 март а од ФИБА Европа будно ја следат ситуацијата во Украина.
Како главни кандидати за преземање на организацијата на игрите се Грција, Франција, а како сигурни организатори се јавуваат Чешка и Полска.
Од друга страна, долгогодишниот Генерален секретар на ФИБА, Бора Станковиќ ја повика Србија да биде организатор на големото натпреварување.