×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фени Индустри во петок гостува во Куманово

    30.04.2015 12:35 | KumanovoNews

    Утре на програмата е петтото Суперлигашко коло во кое ќе се сретнат тимовите на Куманово - Фени Индустри, Работнички - МЗТ Скопје и Кожув -Карпош Соколи.

    Фени Индустри во петок гостува во Куманово

    Математички гледано, тимот на Кожув заврши голема работа со победата над Фени во Кавадарци, па ги изедначи бројот на бодови меѓу главните конкуренти на Куманово за третата и четвртата позиција. По тој пораз, Фени сигурно ќе сака да се врати на победничките патеки, а тоа ќе проба да го стори против екипата која ја немаат победено оваа сезона. Куманово триумфираше во двата меча против Фени, првиот на домашен терен со резултат 97-90, а на гостински со резултат 80-89.

    Куманово прикажува одлична игра во последните натпревари, тимот е во добра форма па доколку успејат да ја одржат дисциплината на високо ниво кон крајот на мечот сигурно дека може да очекуваме нова победа. Фени оваа сезона го нема нивото и моќта која беше препознатлива минатите сезони за тимот од Кавадарци, па сигурно ќе биде изненадување доколку тимот успее да триумфира во Куманово.

    Натпреварот се игра утре со почеток од 20 часот.

    Во останатите натпревари, утре во Скопје се игра вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Натпреварот е битен за двата ривала во борбата за врвот на табелта.

    Многу побитен за Куманово, е натпреварот кој ќе се игра во Гевгелија помеѓу Кожув и Карпош Соколи, директните конкуренти на Куманово за место во Плеј-оф. Доколку Кожув победи, тој дефинитивно се враќа во битката за место меѓу четирите најдобри. Тогаш ќе имаат 32 бода и ќе ја намалат огромната негатива што ја имаа пред 2 кола од 4 бода. Тоа е веројатно и подобриот исход за Куманово, бидејки во спротивно Кожув нема да има шанси за Плеј-оф, а Соколи би го зголемиле бодовното салдо и би воделе рамноправна борба со кумановчани за место плус.