ФК Карпош 93 триумфираше на турнир во Лесковац
25.02.2014 13:02
| KumanovoNews
Фудбалерите на Карпош 93 имаа успешен настап на турнир во Србија, освојувајки го првото место.

Првото место на интернационалниот турнир е одлична увертира за продолжението на сезоната, која започнува на осми март.
Меморијалниот турнир беше во организација на екипата Млади Борац Живково кои одлично не пречекаа, а покрај нашиот тим, учестуваа уште 5 домашни екипи - изјави Тони Илиевски.
ФК Карпош 93 се натпреварува во Третата северна лига каде ја завзема шестата позиција.