×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фудбалерите на „Биџо“ освоjиа 8 пехари на турнир во Охрид

    02.07.2022 11:05 | Сузана Николиќ

    Фудбалерите на ФК „Биџо“ од Куманово освоија 8 пехари на турнир, кој од 25 до 30 јуни се одржа на стадионот на Биљанини извори во Охрид.

    Фудбалерите на „Биџо“ освоjиа 8 пехари на турнир во Охрид

    На турнирот кој го организираше „Охрид топ тим“ учествуваа фудбалери од четири генерации родени во 2010, 2011,2013 и 2014 година.

    Најмладата екипа од 2014 година се избори за три пехари. Таа освои прво место за најдобра екипа, за најдобар голман е прогласен Даме Новевски, а најдобар стрелец е Исак Илиевски. 

    Генерација од 2013 година се пласираше на трето место, додека за најдобар стрелец на генерацијате е прогласен Александар Арсовски. 

    Генерација 2011 се врати дома со освоено прво место, а за најдобар голман во генерацијата му припадна на Лазар Трајковски.

    Екипата од 2010 година се пласираше на второ место.

    „Заслужени за овој голем успех се нивните тренери Ивица Додевски, Марко Марковиќ, Андреј Николовски и Владимир Додевски. Многу успех и понатаму и голема благодарност до организаторите на турнирот од нашиот тим“, изјави Моника Гелевска Радевски.

    (фото. Виктор Давидовски)