×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фудбалот ќе доживее радикални промени?

    20.01.2011 09:34 | KumanovoNews

    Бројните поплаки за згуснатиот календар во тековната година од сите инволвирани структури во фудбалот, од играчите, трнерите, клубовите, па до селекторите, најверојатно ќе издејствуваат промена на календарот со кој фудбалот ќе доживее радикална промена

    Фудбалот ќе доживее радикални промени?

    Претседателот на Европската Клупска Асоцијација (ЕЦА) Карл Хајнц Румениге најавил разговори за промена на календарот на ФИФА по 2014 година, а УЕФА и светската организација веќе се подготвени по 2018 година и СП во Русија, да го повлечат радикалниот чекор.

    Првата голема промена се Европските и Светските првенства, но и континентланите шампионати да се играат во февруари и март. Што значи шампионатите да бидат зимски, почнувајќи од СП во Катар во 2022 година.

    Од шампионатите, Азиското и Африканското првенство се играат во јануари, па само Евро и Копа Америка ќе треба да доживеат такви промени во првите месеци од годината, како и зоната КОНКАКАФ. Според понатамошниот проект, од средината на март би стартувале националните првенства, кои би се играле до крајот на октомври, додека последните шест недели од годината би биле посветени на националните тимови и квалификациските мечеви за некое првенство.

    Сето ова значи дека ќе има промени во форматот на натпревбарување, па квалификациските групи наместо со повеќе се елции ќе се разводнат на многу повеќе групи со најмногу до четири селекции, за да се обезбеди просек од еден меч неделно (шест дуели во група со четири тима) во тие предвидени шест недели термин за А-селекциите.

    По завршувањето на настапите, фудбалерите би имале месец дена пауза, некои и повеќе затоа што секоја втора година зимскиот термин ќе биде пополнет со некое големо натпреварување. Сега, сето ова е пилот-проект, кој допрва треба да го прифатат националните лиги, затоа што е можно ФИФА и УЕФА да побараат намалување на првенствата до 16 екипи во најсилните лиги, како отстапка за помалку мечеви на репрезентациите, потоа да се согласат клубовите, но и ТВ-каналите, кои плаќаат стотици милиони евра за Тв-правата.

    Проектот треба да биде претставен на лето, а се очекува голема дебата за него, пред воопшто да биде усвоен со кој би се отпочнале радикалните промени. Инаку во календарска година, првенства се играат во земјите каде зимата е подолга од половина година, како Русија, Скандинавија...    (кирилица)