Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женска екипа од Гимназијата „Гоце Делчев“ од 2 до 4 април, ќе учествува на Државно првенство во ракомет во Велес.
Гимназијалките претходно победија на општинскиот натпревар, на регионалниот во Пробиштип, и на меѓурегионалниот-бараж натпревар во Велес со што обезбедија учество на државен натпревар.
Ова ни е втора година како учествуваме на државно првенство во ракомет жени. Лани бевме трети на Гимназијада во Охрид. И оваа година се надеваме на успех. Ќе го претставиме училиштето и нашата општина. Не знаеме кој ќе ни биде противник, бидејќи ќе се изврши жребање на самото првенство - вели менторот Александар Јовановиќ.
На државното првенство ќе учествуваат шест екипи кои се покажале како најдобри на ниво на региони.