Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лошите резултати на теренот и нестабилната финансиска ситуација ја дадоа првата жртва во КК Куманово. Управата започна да ги решава проблемите го смена на Игор Ѓорѓиевски од тренерската позиција, и на негово место се враќа Владимир Мирковски.
Фото: www.fiba.basketball/europecup
Мирковски беше тренер на Куманово минатата сезона каде што по половина сезона ја напушти тренерската функција поради лоша серија. Тогаш на негово место дојде Ѓорѓиевски, кој имаше одлична завршница на сезоната и имаше реални шанси да дојде до полуфинале во домашното првенство.
КК Куманово имаше еуфорична најава на новата сезона, за да сега се соочува со проблеми како неплатена котизација во БИБЛ лигата и суспензија од истата, нерешен статус со Роберт Луис, Петар Николиќ и Ѓорѓе Каплановиќ го напуштија клубот и според неофицијални информации сеуште не се исплатени примањата од почетокот на оваа сезона.
Тимот на КК Куманово се наоѓа на десеттата позиција на табелата со една победа и шест порази.