Гостивар подобар по зимската пауза, нов пораз на кошаркарите
24.01.2022 10:23
| Стефан Николиќ
Во првиот натпревар по зимската пауза, кошаркарите забележаа нов пораз во домашното првенство. Гостивар беше екипата која го нанесе деветтиот пораз на кумановчани со резултат 84-96.

Поранешниот кошаркар на Куманово, Марјан Јаневски забележа 31 поен и 6 скока со што беше најефикасен поединец на натпреварот. Декуан Абром постигна 27 поени за домашниот тим.
Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на ТФТ Скопје.