Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двете најдобри македонски кошаркарки, сестрите Ханка и Едина Муса, вчера беа специјални гости на тренингот на кошаркарскиот клуб „Бал Фор Лајф“.
Средбата е планирана од поодамна и денеска успејавме да присуствуваме на еден ваш тренинг. Децата се целосно посветени, тренираат и ја сакаат кошарката што е нешто најбитно. Треба да продолжат да тренираат и да веруваат во себе - изјави Ханка Муса.
Гостинките од Скопје ги врачија награди на најуспешните членови на „Бал Фор Лајф“, а сите членови на клубот добија дипломи за успешно завршена сезона. После тоа одиграа натпревар со женската екипа.
Најпрвин сакам да се заблагодарам на поканата. Навистина ми се допаѓа што се работи со млади таленти, деца што стварно сакаат да тренираат кошарка, се надевам дека ќе продолжат така. Сигурна сум дека од тука ќе излезат голем број на одлични играчи, репрезентативци и репрезентативки - изјави по тренингот Едина Муса.
Од клубот изјавија дека сезоната е завршена, а по краток одмор ќе започнат припремите на играчите за новата сезона.
Среќни сме што членовите на женската екипа имаа можност да се дружат и да ги одмерат силите со најдобрите домашни кошаркарки, и да ги споделат своите искуства. Вакви средби со сигурност ќе има и следната сезона - изјави координаторот на Бал фор лаиф Дарко Петковски.