Мени

Хуманитарен тениски турнир “Куманово 2013„

27.09.2013 12:17 | KumanovoNews

 На тениските терени на Градски кеј утре во 12 часот ќе почне хуманитарниот есенски турнир “Куманово 2013“.

Хуманитарен тениски турнир “Куманово 2013„

 Сите организациски формалности се завршени, обезбеден е буџет од 20.000 денари кои ќе бидат донирани за “Порака наша“. Обезбедени се пехари и чекови кои победниците ќе ги донираат за лицата со интелектуална попреченост. Децата од тениски клуб “Куманово“ утре на Градски кеј ќе изведат тениски игри-велат организаторите од Ротари клуб Куманово.