Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ентони Ли Инграм е нов кошаркар на Куманово.
Минатата сезона Инграм ја мина во германската втора лига, играјки за тимот на Баунах, каде што постигнуваше 13 поени и 4 скока, за 25 минути поминати на теренот.
Тој по пауза од две години се враќа во тимот на Куманово, а со задржување на главните кошаркари тимот пред себе си поставува задача за остварување на нов најголем успех на Куманово 2009.
Од минатогодишните кошаркари, Бранислав Ѓекиќ е нов член на словенечкиот Златорог, Лашко.