Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на ФК Карпош, во сабота со почеток во 16 часот на стадионот во населба Карпош, ќе одигра фудбалски натпревар со цел собирање на хуманитарна помош за поплавените во Србија.
Противник на Карпош, ќе биде тимот на „Млади Борац“ од Лесковац.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот пред се да дадат подршка на оваа хуманитарна акција, за помош на настраданите жители од поплавите во нашиот северен сосед. На натпреварот се поканети водечките фирми во нашиот град, да дадат подршка во прибирање на средствата - изјавија од ФК Карпош.
Средствата се наменети за Крупањ, Параќин и за останатите поплавени градови ширум Србија.