Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пингпонгарката Ива Димитриевска од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“, освои златен и сребен медал на интернационалниот турнир “Меморијал Борче Кикиритков“ во Штип.
Со ова пингпонгарката успешно ја завршува сезоната 2014/2015.
“Од Штип се враќаме со пехар, со златен медал во пионерска конкуренција и сребрен медал во младинска конкуренција. Во категорија на пионерки победени се сите шест противнички со 3/0 и со ниту еден изгубен сет, а во категорија на младинки го изгубивме само финалниот натпревар со 3/2 со пет години постарата и поискусна пингпонгарка од Крива Паланка“ - вели тренерот Мики Трендафиловски.
Во среда заминуваат во Сараево, БИХ, со репрезентацијата на Македонија на меѓународен турнир и се надеваат на успех. По овој натпревар ќе имаат десетина дена пауза, а потоа ќе следат подготовки за наредната сезона.