Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Душан Ивоковиќ веќе не е селектор на репрезентацијата на Србија.
После освојувањето на седмото место на Евробаскетот во Словенија и пасманот на Мундобаскет во Шпанија, Душан Ивковиќ соопшти дека веќе нема да е селектор на репрезентацијата на Србија.
Го исполнив мојот дел од договорот. Ќе бидам присутен како и секогаш, но дојде време за некој помлад - изјави Ивковиќ.
Ивковиќ ја превзема репрезентацијата во 2008 година. На пресконференцијата имаше само пофани зборови за своите репрезентативци.
Крстиќ се однесуваше капитенски, без пропуштен тренинг, а најголемиот товар го носеше на натпреварите. Од Богдановиќ се очекува да биде врвен играч, а Клиниќ е нешто што недостигаше на предходните првенства, бескомпромисен играч со врвни атлетски способности. Стефан Марковиќ уште нема клуб за следната сезона, но истакна дека ниеден договор неможе да биде повреден од задоволството да се игра за репрезентацијата - додаде Ивковиќ.