Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во Нион беа извлечени паровите за четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Најпрвин беше извлечено шпанското дерби. Тимот на Барселона во првиот натпревар го пречекува големиот ривал Атлетико Мадрид.
Вториот претставник од Мадрид, тимот на Реал го пречекува минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд. Овие два тима се сретнаа и минатата сезона во оваа фаза од натпреварувањето.
Во третиот натпревар од оваа фаза ќе се најдат тимот на ПСЖ и Челзи.
Бранителот на титулата, Баерн Минхен ја доби екипата на Манчестер Јунајтед, па на гостински терен ќе ја бранат титулата.
Екипите на ПСЖ и Атлетико Мадрид ќе се борат за прво освојување на „ушлестиот пехар“, додека останатите екипи до сега го имаат освоено оваа натпреварување.
Мечевите ќе се играат на 1. и 2. април, додека реванш натпреварите се закажани за 8. односно 9. април.