Јотовски преку Катиќ ќе брка финале
03.08.2013 07:36
| KumanovoNews
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски во полуфиналето на фјучрс турнирот во Сомбор ќе игра со домашниот тенисер Дејан Катиќ.

Пласманот на Јотовски во полуфиналето е негов најдобар пласман на еден турнир и со новите поени ќе го подобри рагот на АТП листата.
Јотовски се наоѓа на 1.106 место, додека Катиќ е 1.267 место на АТП листата .
Овие двајца тенисери ќе го играат вториот меѓусебен дуел и тоа повторно на терените во Сомбор. Првиот меч го добил Катиќ пред четири години (2009) кога во квалификациите (последно коло) за влез на главниот турнир го победил Јотовски со 6:4 и 6:1.