×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јовановски: Исфрлите не од лигата, не играме во среда

    30.03.2015 12:25 | KumanovoNews

    Претседателот на Куманово, Бане Јовановски на седницата на Здружението на прволигаши изјави дека Куманово нема намера да го игра одложениот натпревар со Карпош Соколи кој е закажан за во среда.

    Јовановски: Исфрлите не од лигата, не играме во среда

    Куманово секогаш е цел на административни грешки. Секоја година нашиот клуб е жртва. Кажете по кој член е одложен натпреварот? Јас уште сега кажувам дека Куманово нема да патува во Скопје, а потоа слободно може да не исфрлите од лигата. Немаме против тоа Карпош Соколи да го продолжи учеството во лигата, но мора да има казна за тој неодигран натпревар - изјавил Бане Јовановски на состанокот на Здружението на прволигаши, пренесува Екипа.

    Тимот од Градски парк изразил подршка за Куманово, додека претседателот на Кожув потсетува дека првата година од донесувањето на законот спортските клубови да се трансформираат во акционерски друштва, Супер-лигата се играла со тимови чија постапка на трансформација сеуште била во тек.