Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денешниот натпревар помеѓу КК Куманово и Карпош Соколи е одложен на неодредено време, а случајот ќе се расправа на повисоко ниво.
Комисијата за натпреварување при МКФ, денеска доставила писмен допис до КК Куманово во кој го одложува натпреварот помеѓу Куманово и Карпош Соколи на неодредено време, а во исто време бара мислење од Агенцијата за млади и спорт и верификација од МКФ за тоа дали Соколи го имаат прекршено законот во кој требаше пред почетокот на Супер-лигата да бидат трансформирани во Акционерско друштво.
КК Куманово е сепак во право. Комисијата за натпреварување при МКФ утрово не информираше дека натпреварот е одложен а за овој случај ќе бара мислење на повисоко ниво. Агенцијата за млади и спорт треба да процени дали е прекршен законот за трансформација на клубовите, кој всушност е донесен од Агенцијата за млади и спорт. Сето тоа ќе треба да биде верифицирано од кошаркарската федерација. Немаат право да бараат преигрување на натпреварот, всушност прашање е дали според законот Карпош Соколи има право да се натпреварува во Супер-лигата - изјави за КумановоЊуз Бане Јовановски.
Чекајки ја одлуката за Карпош Соколи, Куманово се подготвува за натпреварот во сабота на домашен терен против тимот на Кожув.