Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово има поднесено жалба до Арбитражната комисија, и пријава до Дисциплинската комисија поради преигрувањето на натпреварот со Карпош Соколи.
Законот и пропозициите се на наша страна. Тие свесно го кршат и законот и пропозициите и одат против Куманово. Тука се поставува и ново прашање. Дали доколку се продолжи со ваквиот однос, дали воопшто треба да се учествува во едно нерегуларно првенство - изјави претседателот на КК Куманово Бане Јовановски.
Тој потенцира дека Куманово единствено бара почитување на пропозициите за натпреварување кои во овој случај се на страна на Куманово. Правдата ќе ја бараат до крај.
Доколку се продолжи со ваквиот однос прашање е дали треба да се трошат финансии за една ваква лига? - додава Јовановски.
Куманово нема да патува утре во Скопје, а неизвесно е дали ќе продолжи првенството и овој викенд. Во рамките од третото коло, во сабота Куманово би требало да го пречека МЗТ Скопје. МКФ сака да се комплетира целосно првото коло пред да продолжи првенството, а многу веројатно е дека и втора недела по ред нема да гледаме Супер-лигашка кошарка .