Kадетките на Куманово против екипата на Струма
26.11.2019 12:57
| KumanovoNews
Кадетките на ЖРК Куманово, во раките на петото коло од Кадетската лига, во сабота на гостински терен своите сили ќе ги одмерат против екипата на ЖРК Струма.

Засега нашите кадетки се наоѓаат на второто место на табелата, со три победи и еден нерешено одигран натпревар.
Во претходниот натпревар, против екипата на Гевгелија, младинките на Куманово ја покажаа својата подготвеност да се борат за врвот на табелата, каде постигнаа резултат од 32:25.