×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кадровски промени во КК Куманово, нов тренер и претседател!

    07.08.2014 13:14 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 во пресрет на новата сезона прави мала кадровска реорганизација, со цел подобри резултати во наредната сезона. Куманово оваа година ќе има нов тренер и нов претседател на клубот.

    Кадровски промени во КК Куманово, нов тренер и претседател!

    Најдобриот кумановски кошаркар Игор Михајловски ќе го има своето деби како тренер во најквалитетното македонско првенство. Од неговото тренерско искуство, тој минатата сезона го предводеше својот тим КК Михајловски кој се натпреваруваше во Трета лига, и со „голобради“ играчи беше на чекор до пласман во Втора лига. Предходно бил тренер во младинските категории на КК Михајловски, и кадетски селектор на репрезентацијата на Македонија.

    Михајловски предходно беше поврзуван како помошник тренер во Фени Индустри, меѓутоа од следната сезона ќе го предводи КК Куманово. Без разлика на неговото „мало“ искуство како тренер, непроценливо е неговото играчко искуство, бидејки се работи за освојувач на Евролигата со Партизан 1992 година.

    До почетокот на септември ќе бидат официјализирани промените за кои е одлучено да се направат во КК Куманово. Имаме нов домашен тренер, нов претседател на клубот, нови спонзори и нова управа. Со овие промени Куманово ќе биде посилен конкурент следната сезона - изјави за KumanovoNews поранешниот претседател на клубот, Виктор Божиновски.

    На новото претседателско место, доаѓа Бане Јовановски, поранешен кошаркар и директор на Спортската сала во Куманово.

    Божиновски изјави дека во новата сезона јадрото на тимот ќе го сочинуваат домашни кошаркари. Ростерот на тимот ќе биде дополнет со неколку странски играчи, каде тимот ќе биде дефицитарен.

    Можам само да кажам дека некои од странците ќе останат, а се преговара за повраток на играчи кои настапапуваа пред две сезони во Куманово. Ќе се потрудиме да доведеме што поквалитетни играчи во Куманово. Сеуште сме во преговори, и несакам да ги откријам имињата. - изјави Божиновски.

    На прашањето што ново можат да очекуваат љубителите на кошарката, од промените во КК Куманово, Божиновски изјави:

    Тоа е прашање за новото раководство на клубот. Куманово и оваа сезона ќе настапува во БИБЛ лигата. Идеја е фокус да се стави на домашните игрчаи, македонски и кумановски кошаркари. Промените во клубот се најнормална појава, и јас како љубител на кошарката ќе продолжам да работам како член на Управниот одбор. Секако дека цел на сите нас е да се врати и подигне квалитетот на кошарката во Куманово. Задоволен сум од постигнатите резултати овие четири сезони, колку го и предводев клубот - заклучи Виктор Божиновски.