Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најголемиот ривал на Куманово во Суперлигашкиот дел од сезоната, тимот на Карпош Соколи утре му гостува на тимот на Куманово.
За ривалството меѓу Соколи и Куманово не е потребно претерано да се зборува особено по стартот на Суперлигата.
Оваа сезона, ова е шести меѓусебен дуел на овие две екипи. Соколи победија во трите натпревари на домашен терен, а Куманово целосно го демолираше Карпош во натпреварот од Купот на Македонија, додека тесно славеше во вториот натпревар од Прва лига.
Во последната нивна средба, тимот од Карпош славеше по продолжение со резултат 98-95.
Мотивот нај играчите, стручниот штаб и публиката е огромен, а случувањата на почетокот на Суперлигата сигурно ќе ја наполнат Спортската сала во Куманово.
Натпреварот се игра во недела, со почеотк во 19 часот.