Мени

Казна за Ренато Вугринец

04.07.2014 10:15 | KumanovoNews

Поради црвениот картон кој го заработи ракометарот на Металург, во четврт финалниот меч од ЛШ против екипата на Кил сега доби забрана за настап на еден натпревар.

Казна за Ренато Вугринец

По протестирање на одлуката на судиската двојка Ренато Вугринец е казнет а образложението вели дека е казнет поради негирање во елитното натпреварување.

Според оваа одлука Ренато Вугринец нема да биде дел од екипата за натпреварот против Пари Сен Жермен што ќе се одигра во Скопје.

Ракометарот на Металург има право на жалба која мора да се поднесе во рок од 7 дена.