Кедира останува во Реал!
12.08.2014 10:42
| KumanovoNews
Тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти стави крај на надежите на навивачите на Арсенал и Челзи дека Кедира од новата сезона би можел да заигра на островот.

Кедира не заминува никаде. Има договор до 30.јуни 2015 година и останува со нас - изјави Анчелоти за Марка.
Шпекулациите за заминувањето на Кедира се актуелизираа со доаѓањето на Крос во редовите Реал Мадрид.