×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК Куманово ќе бара кривична одговорност за случајот Карпош Соколи

    31.03.2015 11:02 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Куманово преку соопштеније информира за ситуацијата околу презакажување на натпреварот со тимот на Карпош Соколи.

    КК Куманово ќе бара кривична одговорност за случајот Карпош Соколи

    Во соопштението е наведено дека според член 10.1 од пропозициите за натпреварување, измена на датум на закажан натпревар може да се случи најдоцна 5 дена пред неговото преигрување. По член 10.2 за промена на термин треба да постои согласност од КК Куманово за одигрување на натпреварот, кое треба да стигне најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварот. Според член 10.3 измена на датум се одобрува на екипа која настапува во повисоко ниво на натпреварување(ФИБА, БИБЛ, АБА и др).

    КК Куманово потенцира дека мејлот за преигрување на натпреврот е добиен денеска во 10:40 часот. Карпош Соколи не игра во лига од повисок ранг, а се прекршуваат пропозициите за презакажување на натпревари, натпреварот да се игра 5 дена по добивање на барањето на барањето, односно најмалку 72 часа одкако КК Куманово во овој случај би дало согласност за одигрување на натпреварот во предложениот термин.

    КК Куманово не дава согласност за преигрување на натпреварот.

    Со самиот факт што се доведува во прашање регуларноста на лигата, КК Карпош Соколи до започнување на СУПЕР Лигата нема направено трансформација во АД што е законска обврска, КК Куманово 2009 АД донесе одлука правдата да ја бара по судски пат со барање на кривична одговорност од сите инволвирани во оваа незаконска одлука - стои на крајот на соопштението на КК Куманово.