Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово, бележи успешни резултати во регионалното БИБЛ натпреварување и националното првенство на Македонија.
Екипата предводена од новиот тренер Ѓорѓиевски, успеа да запише две важни победи на мини-турнејата во Црна Гора: една против Тиват и уште една против Ибар, во рок од 24 часа.
Овој подвиг му донесе на клубот интернационална „пролет“ бидејќи го очекуваат нови натпревари и одмерување на силите со израелски претставник. Во среда, од 17:00 часот, Куманово го пречекува бугарскиот Берое. Дуелот нема резултатско значење поради тоа што и двете екипи се сигурни патници во втората фаза.
Во првата кошаркарска лига на Македонија, КК Куманово во својот последен настап беше подобар од вториот тим на МЗТ Скопје, но минимално, во последните секунди. Управата на клубот се пожали на судиските одлуки и побара да се има еднаков третман кон сите екипи.
„Пеколниот“ распоред е во големиот број на одложени рунди минатата година во првиот дел од сезоната. Куманово одигра само 9 натпревари и оствари само 5 победи, па му остануваат уште 13 во регуларниот дел и тешка борба за пласман помеѓу најдобрите 6 во лигата – оваа сезона имаме поголема конкуренција и екипи кои играат атомска кошарка.
Тука ќе ги додадеме и дуелите од БИБЛ, каде ќе се формира нова група од 3 клубови, кои ќе се борат за завршниот турнир.
(Д.Давитковски)
Фото: https://www.instagram.com/kkkumanovo/