Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во неизвесен меч, успејаа да го совладаат тимот на Вардар со резултат 87-81.
КК Куманово ја искористи предноста на домашен терен, иако играше пред празни трибини. Во Спортската сала во Куманово се одигра неизвесен меч, во кој имаше дваесет промени на водството, а кумановчани имаа највисока предност од 6 поени, додека гостите од Скопје 5 поена. Милан Јанушевиќ со Дејан Микиќ беа главните поентери кај Куманово наспроти Ангел Тасевски и Владимир Георгиевски. Првото полувреме заврши со нерешен резултат 38:38, што наговестуваше интересно второ полувреме.
Третиот период се играше кош за кош, и ниедна од екипите не успеја да направи поголема предност. Разврската на мечот беше при крајот на последната четвртина, одкако кошаркарите на Вардар не реализираа неколку шута за три поени, по што кумановчани беа праќани на линијата за слободни фрлања. Кошаркарите на Куманово ја имаа подршката од навивачката група Кумани, кои навиваа и го бодреа клубот пред Спортската сала.
КК Куманово ја одработа казната од еден меч играње пред празни трибини, а следната сабота го пречекуваат тимот на Торус.