Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После претставувањето на домашниот кошаркар, Џанер Осман, Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 на својот фејсбук профил објави дека е договорен трансфер на два нови кошаркари.
Радоје Вујошевиќ минатата сезона ја започна како играч на Сутјеска Никшиќ, а заврши во тимот на Будуќност, каде што во просек постигнуваше 4,6 поени и 4.5 скока. Има 25 години, висок е 206 центиметрии, игра на позицијата центар и е поранешен младински репрезентативец на Црна Гора.
Квалитетен „НЦАА“ играч пристигнува во Куманово кој ќе биде засилување на бековската позиција. Брајан Оливер е играчот кој својата колеџ кариера ја започнал во Џорџиа, а ја заврши во Сетон Хал.
Игра на позицијата бек-крило, и е висок 201 центиметар. Во колеџ кариерата просечно има постигнато 9 поени по натпревар, меѓутоа мината сеозна има постигнато на четири натпревари над 20 поени и одлични 42% прецизност за три поени во последната сезона.
После промената во стручниот штаб, Куманово полека почнува да го формира тимот за следната сезона.