КК Куманово новата сезона ќе ја започне против МЗТ Скопје
03.10.2019 09:35
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб „Куманово“ сезоната ќе ја започне со натпревар против најголем ривал МЗТ Скопје Аеродром.

Станува збор за силен противник, кој минатата година беше бранител на шампионската титула.
Од раководството на МКС најавија одложување за една недела на почетокот на кошаркарската сезона, која требаше да започне на 5. октомври.