Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Александар Петровиќ, вчеравечер го совлада младиот тим на МЗТ Скопје на гостински терен со 65:79, со што ја оправда улогата на апсолутен фаворит.
Со оваа победа, КК Куманово остана сигурен на 6-та позиција во лигата и обезбеди пласман во пред завршната фаза. Најкорисен играч во кумановската екипа беше Андреј Цветковски со индекс 32. Тој имаше 19 поени, 8 скокови, 7 асистенции и 3 украдени топки. Во домашната екипа, предводник беше Виктор Исајловски кој ги одигра сите 40 минути и постигна 18 поени.
Остануваат уште 2 кола до крајот, каде следниот натпревар КК Куманово го игра во сабота на домашен терен против тимот на КК Гостивар. Да се надеваме дека ќе остварат подобар успех од минатата сезона каде по Супер лигата не успеаjа да влезот во плеј-оф натпреварите.
(Д.Д)