КК Куманово поразено од екипата на Кожув
        18.11.2019 11:29
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановските кошаркари, во рамките на 6-тото коло од домашниот шампионат на гостински терен против екипата на Кожув, викендов забележаа значителен пораз со разлика од 20 гола, со резултат од 83:63.
 
                  Иако на почетокот од натпреварот резултатот беше 13:13, сепак првото полувреме заврши погубно за нашите кошаркари, со резултат 31:16.
Веќе во второто полувреме, поради големата разлика во головите, очигледно беше дека победата ќе ја однесе тимот на Кожув.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





