×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК Куманово се подготвува за учество во „Премиер лига“

    11.06.2015 15:20 | KumanovoNews

    Кошаркарскот клуб Куманово преку писмо до светската кошаркарска асоцијација изразува подготвеност за учество во новата кошаркарска лига која би била во организација на ФИБА.

    КК Куманово се подготвува за учество во „Премиер лига“

    Тие преку писмо му порачаа на спортскиот директор на ФИБА, Коста Илиев дека се подготвени да земат учество во новата лига на ФИБА како финалисти и освојувачи на вторто место во Македонското кошаркарско првенство.

    За Куманово е прифатливо лигата да има 12 тимови во кои дванаесетата екипа би зела учество преку квалификации. Според досегашните изнесени предлози од страна на ФИБА, Куманово како второпласирана екипа преку квалификации би можело да обезбеди учество во новата лига, каде веројатно би требало да се сретне со четвртопласираните екипи од Србија и Хрватска, третопласираниот тим од Словенија и второпласираните екипи од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

    Кошаркарскот клуб Куманово последните неколку сезони настапува во регионалното натпреварување БИБЛ, кое е во организација на ФИБА, па сигурно би сакале целата ситуација да ја искористат во своја промоција за учество во повисок ранг на натпреварување.

    Светската кошаркарска куќа сака да ги превземе работите во свои раце, а војната помеѓу АБА лигата и ФИБА трае веќе неколку месеци. Џокер во ракавот на ФИБА беше суспензијата на репрезентациите кои ќе изразат подршка на АБА лигата, а одкако Хрватската федерација официјално ја напушти АБА, истиот чекор го најави и Српската федерација, а подоцна веројатно ќе го сторат и сите останати.

    Целиот проблем е што АБА лигата е во сопственост на фирмата Сидро регистрирана во Словенија. ФИБА би ја признала АБА лигата доколку фирмата целосно би се одкажала од сопственоста во првенстовото. На последниот состанок клубовите добија сопственост над фирмата, меѓутоа компанијата Сидро задржа процент од лигата, што не ги реши проблемите помеѓу двете раководни структури.

    Најквалитетните балкански кошаркарски колективи бараат излезност на Европска сцена, а тоа прашање сеуште е нејасно како ФИБА планира да го реши, бидејки Евролигата е организирана од УЛЕБ која има слична структура како АБА. УЛЕБ е поблиску до НБА и долгонајавуваната „Европска дивизја“ што носи подршка од богатите клубови во Европа. Тоа прашање е можеби најголемата кочница на оваа идеја.

    Расплетот на целата ситуација би требало да се знае за десетина дена кога тимовите и федерациите треба да се изјаснат дали ја подржуваат АБА лигата. Веројатно потоа ќе биде познато дали воопшто ќе заживее новата Премиер лига.

    Според првичната идеја, Србија и Хрватска би имале три претставници, Словенија два, а БиХ, Црна Гора и Македонија би имале еден претставник.