Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово после целата драма со Карпош Соколи, утре истрчува на паркет каде што ќе ги одмери силите со екипата на Кожув.
После целиот застој со Карпош Соколи, на ред доаѓа второто коло од Суперлигата во кое ќе се сретнат двата БИБЛ претставници.
Паузата веројатно е добредојдена за Куманово од аспект на санирање на повредите и воигрување на составнот во најбитниот дел од сезоната. Од друга страна, прашање е дали е загубен натпреварувачкиот ритам со оваа одлагање и пауза од 2 недели.
Кожув во првото коло беше поразен од МЗТ Скопје на домашен терен, а лошите резултати продолжија и со испаѓањето во БИБЛ лигата од тимот на Сигал Приштина. Утре веројатно и гевгеличани ќе имаат мотив плус да се вратат на победничките патеки, одкако останаа да се борат само на еден фронт.
Од КК Куманово изјавија дека утре очекуваат полна сала, и со помош на публиката да ја забележат првата победа.
Ги повикуваме сите граѓани да дојдат утре во Спотската сала во Куманово и заедно да ја забележиме првата победа оваа сезона а воедно и заедно да го прославиме најголемиот Христијански празник Велигден - изјавија од КК Куманово.
Натпреварот започнува во 19 часот.