Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во последните мигови од натпреварот, загубија од големиот ривал Работнички. Епилогот беше ист како и во Куманово кога Диме Тасевски ги погоди двете слободни фрлања, само што овој пат резултатот беше на страната на Работнички. Натпреварот заврши со резултат 91:89.
Лошиот старт во првата четвртина е веројатано причината поради која кошаркарите на Куманово повторно се враќаат поразени од гостински терен. Куманово повторно имаше лоша прва четвртина, која ја завршија со 14 поени негатива. Работите почнаа да се менуваат во вториот период кога Куманово до крајот на првото полувреме успеја да ја смали разликата на 4 поени. Играта продолжи во ист ритам, па кумановчани негативата ја претвроија во највисоки 8 поени предност. Кон средината на последната четвртина следуваше нов пад во играта на Куманово, па највисоката предност почнуваше полека да се топи.
При нерешен резултат Тасовски беше фаулиран од Микиќ, по што ги реализираше двете слободни фрлања, за победа на Работнички од 91:98.
Најефикасни поединци на мечот беа Тасовски со 19 поени, Брендон Кол со 17 поени и Јане Петровски со 15 поени.
Кај Куманово Александар Костовски и Немања Јелисијевиќ постигнаа 20 поени, Дарко Матиќ забележа 18 поени а Дејан Микиќ постигна 15 поена.
Следниот натпревар КК Куманово го игра во Спортската сала во Куманово против екипата на Фени Индустри.