Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Михајловски денеска дебитираше со победа, декласирајки ја екипата на Марфил Спорт од Прилеп со резултат 79:55.
Иако се работеше за натпревар од Трета лига и два тима кои се составени од претежно млади играчи, денеска во Спортската сала во Куманово можеше да се проследи квалитетен и интересен натпревар и многу веројатно дека дел од тие играчи се и иднината на македонската кошарка.
Резултатот на полувреме беше 34:24 за екипата на Михајловски по што се очекуваше цврст натпревар на мал број поени. Сепак после полувремето, тимот на Михајловски успеа да го скрши отпорот на гостите од Прилеп со резултат 24:8 во третиот период, по што следеше само рутинска завршница на натпреварот.
Конечен резултат на натпреварот беше 79:55.