×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК Пинк Пантери организираат меѓународен кошаркарски турнир во Куманово

    07.11.2013 13:22 | KumanovoNews

    Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери по четврти пат го организира меѓународниот кошаркарски турнир „Растеме заедно“. Натпреварите ќе се одиграат во Спортската сала во Куманово.

    КК Пинк Пантери организираат меѓународен кошаркарски турнир во Куманово

    Турнирот започнува во петок во 17:30, а ќе трае до недела. Учество ќе земат младински екипи со играчи родени од 1999 и помлади.

    Оваа година покрај домаќинот Пинк Пантери, учество ќе земат младинските екипи на Партизан Белград, Џоли Шибенка од Хрватска, Левски Бугарија, Могрен Баскет од Црна Гора, Будуќност - Бјелина, Босна и Херцеговина, Актавис Лесковац Србија и Вардар Апаве од Македонија.

    Во Куманово доаѓаат силни клубови и сериозни кошаркарски работници. Џоли Шибенка е првиот клуб на Дражен Петровиќ, а Будуќност Бјелина е младински клуб на Ѓоко Шалиќ, кој сега игра во Партизан и е прогласен за најперспективен центар во Европа. Могрен Баскет за тренер го доведе, Зоран Топиќ долгогодишен тренер на Хемофарм, каде што играа Мачван, Маријановиќ, Савовиќ, Миличиќ и Анѓушиќ. Актавис Лесковац е клуб кој брои близу 600 членови, а Вардар е клуб со најорганизирана младинска програма во Македонија. Со тимот на Левски пристигнува легендата Ратко Јоксиќ а за Партизан непотребно е да се трошат зборови - изјави директорот на клубот Бојан Златковски.

    Екипите се поделени во две групи, а после меѓусебните дуели следува четврт-финален систем.

    Турнирот ќе го отвори Дејан Лекиќ, генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација, а најавени се и други гости.

    Златковски додаде дека меѓу гостите ќе бидат и претставници на ПАОК од Солун, со кој нивниот клуб има остварено соработка.

    На овој турнир, Пинк Пантери ќе го промовираат организирањето на меѓународен кошаркарски камп во Охрид под водство на Ратко Јоксиќ и сите тренери кои ќе бидат присутни овој викенд во Куманово и учество во приватната малдинска лига која што ќе се игра паралелно со регуларното првенство, се со цел обезбедување на повеќе квалитетни натпревари за младите категории.

    Драго ми е што турнирот прераснува во традиционалан меѓународен турнир. Во Куманово доаѓаат најквалитетните младински екипи во регионот од поранешните југословенски републики. Нашата школа постои пет години, и прераснуваме во сериозна кошаркарка организација. Ги повикувам сите љубители на кошарката да ги проследат натпреварите овој викенд во Спортската сала - заклучи Златковски.