Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со трите одиграни натпревари во првата кошаркарска лига на Македонија, синоќа беше комплетирано и 15. коло.
Со двојно постигнати поени и резултат од 106- 53 екипата на Работнички ја совлада екипата на Карпош Соколи.
Кошаркарите на Лирија беа подобри од екипата на Вардар Апаве (87-72).
Додека, екипата на Куманово одигра тежок и неизвесен натпревар во кој последниот период беше одлучувачи.
Кумановчани во четвртата четртина го дубија дуелот против екипата на Пелистер Спорт со 20-14 и на крајот се радуваа на победата со резултат 97-91.
Табела:
Работнички 25 бодови,
Кожув 25,
Лирија 23,
Струмица 21,
Куманово 21,
Фени Индустри 18,
Вардар Апаве 17,
Карпош Соколи 16 и
Пелистер Спорт 14.