Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На финалните напревари кои се играа вчера во Спортската сала победи клубот “Корнер Куманово 2013“ и го освои пехарот на градоначалникот кој се доделува по повод 11 Ноември.
КМФ“Биџо“ и “Корнер Куманово 2013“ се бореа за прво место на турнирот во мал фудбал и по постигнат резултат 4:4 со изведување на пенали победи “Корнер Куманово 2013“.
Во трката за третото место играа “Војновиќи“ и “Делукс авто“ при што првата екипа победи со резултат 4:2.
Наградите ги додели градоначалникот Зоран Дамјановски, а организатор на турнирот е Општински сојуз на спортови.