Кошаркарите ќе го играат следниот натревар пред празни трибини
16.11.2011 00:14
| KumanovoNews
Македонската кошаркарска федерација го санкционираше неспортското навивање во дуелот против МЗТ Скопје. Натпреварот против Вардар во сабота, КК Куманово ќе го игра пред празни трибини.

Екипата на КК Куманово е казнета поради неспортско навивање, при што натпреварот беше прекинат. Според правилата доколку паузата трае подолго од 5 минути, се изречува парична казна од 20.000 денари и настап на домашен терен без публика.