×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите денеска гостуваат кај непоразениот Пелистер

    05.11.2021 09:59 | Стефан Николиќ

    Екипата на КК Куманово денеска ќе има тешка задача да се врати на победничките патеки бидејќи и гостува на единствената непоразена екипа во домашното првенство, тимот на Пелистер од Битола.

    Кошаркарите денеска гостуваат кај непоразениот Пелистер

    КК Куманово покрај лошиот почеток на сезоната, очигледно се соочува и со проблеми надвор од теренот. Веќе неколку портали објавија дека Ѓорѓе Каплановиќ и Петар Николиќ го напуштаат клубот поради неисплатени долгови. Куманово имаше амбициозна амбициозен старт на сезоната со настап на три фронта, меѓутоа од досегашните осум одиграни натпревари забележа смо една победа во домашното првенство против дебитантот Ангели од Скопје.


    Проблеми во управата на клубот има и Пелистер, кој од пред два дена остана без претседателката Mери Ковачевска која си поднесе оставка. Сепак Пелистер има пет победи во домашното првенство и во второто коло од АБА2 лигата ја забележа првата победа во оваа натпреварување против тимот на Сутјеска. 


    Натпреварот помеѓу Куманово и Пелистер започнува во 18:30 и може да се погледа на следниот стрим.