Кошаркарите играат против Пеќ
11.11.2013 16:11
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово 2009 во вторник во рамките на БИБЛ лигата играат против екипата на Пеќ.

Пеќ е квалитетна екипа, која заедно со Сигал Приштина се борат за освојување на трофеи во лигата во Косово. Имаат неколку засилувања и странски играчи кои се доста квалитетни - изјави на прес конференцијата тренерот Горан Димитријевиќ.
Тренерот додаде дека расположението во екипата е на високо ниво и дека утре ги чека борба на теренот. Димчевски и Врањеш се надвор од екипите, а нивниот статус ќе биде попознат за десетина дена.
Натпреварот ќе се игра во Спортската сала со почеток од 17:30.