×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите на поправен против Вардар

    18.11.2011 13:13 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово утре против Вардар ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток кој го оставија против АБА Струмица. Натпреварот ќе се одигра пред празни трибини поради казната која ја доби клубот на натпреварот против МЗТ Скопје.

    Кошаркарите на поправен против Вардар

    Амбициозниот тим на Вардар доаѓа во Куманово по својата четврта победа во сезоната. Во предходните натпревари успејаа да издвојуваат победа против Кожув, АБА Струмица и службена победа против Работнички. Дарко Радуловиќ и Владимир Георгиевски се движечката сила на Вардар, и доколку Куманово успее да го затвори овој тандем, Вардар би требало да има голем проблем во играта. Сепак, треба да се внимава на фактот дека тие играат со десет, единаесет играчи во ротација, па играчите како Ангел Тасевски, Александар Штерјов, Дарко Костески и Александар Стефановски можат да изненадат со висока реализација доколку им се остави премногу простор во играта.

    Ова е битен натпревар за КК Куманово, за враќање на победничката форма и самодовербата во тимот. Кумановчани имаат одлични резултати на домашен терен, а празните трибини не би требало да влијаат негативно врз играчите. Куманово покажа дека имаат одлични индивидуалци, па поголемата ротација би требало да резултира со подобра тимска игра. Одбраната е клучниот момент на натпреварот против Вардар, и доколку противникот тешко го организира нападот и постигнува „тешки“ поени,  а Куманово го диктира темпото на игра, не би требало да биде доведена победата во прашање.

    Натпреварот започнува во 19.00 часот во Спортската сала пред празни трибини.