Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово прикажаа одлична игра во натпреварот против бранителот на титулата Фени Индустри. Во последниот напад, Александар Костовки имаше лошо додавање кое можеше да донесе предност на Куманово. Натпреварот заврши со резултат 81:82
Екипата на Куманово имаше одличен старт на натпреварот, со што најавија одличен и неизвесен меч. Фени рано започна со измени, па до крај на натпреварот кај гостините сите влегоа во игра но сепак Куманово не дозволи ниту еден играч да направи поголема разлика.
Натпреварот беше нерешен на полувреме, со резултат 38:38.
После паузата од полувреме, изабраниците на Луковиќ имаа пад во играта. Фени беше умешен и успеја да направи 10 поени предност со кои ја заврши третата четвртина.
Само три минути од послениот период беа доволни Куманово да се врати во игра. Водството од еден поен разлика, се менуваше се до крајот на натпреварот. Фени во послените моменти беше поумешен, па одкако поведоа еден поен разлика, Фрај го пресече додавањето на Костовски со кој Фени имаше три поени разлика. Милан Јанушевиќ беше пратен на линијата на слободни фрлања, а одкако го погоди првото слободно фрлање, не успеја да го промаши и второто со што Фени забележа тешка победа во Куманово.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Кирил Николовски со 21 поен и 7 скока, а Душан Кнежевиќ и Иван Лилов постигнаа 14 поени.
Во екипата на Куманово Немања Јелисијевиќ постигна 19 поени и 8 скока, а Милан Јанушевиќ и Дејан Микиќ постигнаа 16 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против МЗТ Скопје на гостински терен, што е и последен натпревар оваа година за Куманово.