Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово 2009 утре и гостуваат на екипата на Карпош Соколи. КСК 2013 го игра најбитниот меч оваа сезона во Тетово, а тимот на Михајловски ќе се сретне со Црн Дрим.
Не траеше долго победничката серија на КК Куманово 2009, одкако загубија од шампионот во регионалното натпреваруње, екипата на Галил Гилбоа. Пред Куманово е меч со кој дефинитивно обезбедува пласман во Супер лигата, а се работи за екипата на Карпош Соколи. Тимот од Скопје е предпоследен на табелата со три победи и десет порази, па Куманово влегува како фаворит во овој дуел.
Второлигашот КСК 2013 го игра најбитниот натпревар оваа сезона во Тетово, каде што ќе се сретнат со екипата на Т-Баскет. На шест кола до крајот на првенството, КСК има ист број на бодови како и екипата на Бест и Водњански Лисици, а до крајот на регуларниот дел од првенството се сретнува со противници од дното на табелата.
Тимот на Михајловски ќе се обиде да ја продолжи победничката серија, одкако минатото коло издвојуваа победа против Баскет Дино од Кочани. Оваа коло гостуваат на екипата на Црн Дрим.