×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кожув без прв тренер пристигнува во Куманово

    24.04.2015 14:10 | KumanovoNews

    Екипата на Куманово во сабота го пречекува Кожув, кој по инцидентот со судиите на мечот со Работнички во Куманово пристигнува без првиот тренер Милош Пејиќ.

    Кожув без прв тренер пристигнува во Куманово

    Овие две екипи ќе го играат заостанатиот натпревар од второто коло. Домашниот тим по вчерашниот пораз ќе се обиде да ја забележи втората победа на домашен терен во Суперлигата и да ги сочува шансите за пласман помеѓу првите четири екипи.

    Кожув доаѓа во Куманово без првиот тренер Милош Пејиќ, кој доби едногодишна суспензија поради инцидентот со судиите во мечот против Работнички. Покрај него, казни добија и играчите Шепа, Дунџерски, Јањушевиќ и Главчев кој ќе го пропуштат натпреварот од четвртото коло против тимот на Фени Индустри.

    Куманово уште еднаш е жртва на нелогичностите во правилникот пропозициите за натпреварување. По инцидентот меѓу Работнички и МЗТ во првиот дел од сезоната, тимот од Центар беше казнет неколку меча со празни трибини. Меѓутоа бидејки се играше заостанат натпревар Куманово играше во полн Градкси парк. Овој пат играчите кои физички нападнаа судии, ќе бидат дел од утрешната средба во Спортската сала.

    Кожув е последен на табелата со 27 бода и ова можеби е последниот воз за гевгеличани во борбата за Плеј-оф. Куманово има за цел да ги добие сите натпревари на домашен терен, а по вчерашниот пораз од Соколи утрешната победа има поголемо значење.

    Натпреварот се игра во 19 часот во Спортската сала во Куманово.