Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера на гостински терен кошаркарите на Куманово забележаа пораз од екипата на Работнички со резултат 88:72.
Во текот на натпреварот од 3. коло во првата македонска кошаркарска лига домаќинот беше тој кој целиот натпревар го диктираше резултатот.
По максимално изедначените први три четвртини во кои ниту една од двете екипи не успеа да направи предност, четирите поени во низа на Брчков и тројките на Соколов и Димитровски, почнаа серија поени за Работнички, која беше недостижна за Куманово до крајот.
Најтрофејниот клуб Работнички одигра убедливо подобра игра и последните 5 минути од натпреварот дојде до резултатска предност од 16 коша разлика и буквално експлодираше против кумановчани кои беа немоќни во остварување на нови поени на табелата.
Најефикасни кај домаќинот беа Соколов и Брчков со постигнати 17 поени, Симоновски 14 и Кнежевиќ со дабл-дабл ефект од 10 поени и 12 скокови. Во екипата на Куманово Мишковиќ постигна 23 поени.